КИНОТО „МАНАКИ“ КАКО ТУРСКА СЕРИЈА – СЕ ГРАДИ ПЕТ ГОДИНИ 

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КИНОТО „МАНАКИ“ КАКО ТУРСКА СЕРИЈА – СЕ ГРАДИ ПЕТ ГОДИНИ 

    Цел трет мандат на битолскиот градоначалник Владимир Талески му беше малку за да им се оддолжи на браќата Манаки за влогот што го дадоа со својата филмска дејност за Битола. Талески, во свој стил, во повеќе наварати изјавуваше дека обновата на некогашното кино на Манаки битолчани им ја должат на првите сниматели на Балканот.

    Киното на битолски Широк Сокак, објект на два ката, се гради четири години и сѐ уште  не е завршено. Доградбата на киното сега е внесена во развојната програма на Битола за следните три години. Но, во неа пишува дека овој проект заедно со некои други ќе се извршуваат согласно динамиката на приливот на средства, без прецизни термини. Со оглед на тоа дека локалните избори се на пролет, останува отворено прашањето дали Талески ќе го догради киното кое му беше едно од најголемите предизборни ветувања.

    „Расходите за  изградба и реконструкција  на улици, на системи за одведување и прочистување на отпадни води, изградба на системи за водоснабдување, јавно осветлување,  изградбата на киното,  реконструкција на стадионот ќе се извршуваат согласно динамиката на приливот на средствата“, пишува во Развојната програма за 2017-2019 година.

    Градоначалникот Владимир Талески при удирањето на темелите на кино „Манаки“ во 2013 (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот Владимир Талески при удирањето на темелите на кино „Манаки“ во 2013 (Фото: СДК.МК)

    Советниците од опозицијата деновиве го обвинија Талески дека како актер влегол во режисерски филм, па од изградбата на киното „Манаки“ направил турска серија.

    „Жанр шпанска епизода или турска серија, зашто изградбата на киното трае до бескрај. Како советници, пет до шест пати го внесувавме во развојните планови на Општината. Изградба на куќата на Манаки или киното на Манаки, не попусто го користам зборот куќа зашто се работи за обична куќа. Домаќините куќата ја градат за година дена, а овие пет години. Талески во 2013 кога почна изградбата рече дека  комплетниот проект ќе биде готов до 2014 година.  Верувале или не,  7,8 милиони денари се предвидени за изградба на истатата таа куќа и во 2017 година“, критикуваше советникот Златко Ќурчиевски од СДСМ.

    Градоначалникот Владимир Талески за време на отчетот по повод  Денот на ослободувањето на  Битола изјави дека киното е во завршна фаза и дека в година ќе се средува ентериерот.

    „Долги години во центарот на градот се обидуваме,  иако таа улица е 100 процентно заштитена од Министерството за култура, да го дозавршиме објектот кој историски го должиме на браќата Манаки и на Битола, киното ‘Манаки’. Тоа е во завршна фаза, јас се надевам дека при крај се градежните активности. Веќе следната календарска сезона ќе почнеме да ставаме мебел и да го средуваме ентериерот“, рече Талески.

    Киното „Корзо“  го работеле браќата Манаки во периодот од 1923 до 1939 година, кога изгорело. Се обновува во автентичен изглед , изградени се двата ката, но внатре не е опремено. Најавено е дека ќе има кино сала со 150 седишта, галериски и музејски простор.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира