ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ НАД СТРУШКОТО СЕЛО ДЕЛОГОЖДА

    ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ НАД СТРУШКОТО СЕЛО ДЕЛОГОЖДАОд противпожарната екипа за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека пожарот е ставен под контрола и работат на негово целосно гаснење.(Фото: СДК.МК)

    Големиот пожар што вчера избувна над струшките села Делогожда и Поум е локализиран и пожарникарите работат на негово гаснење.

    Во гаснењето на пожарот покрај противпожарните екипи од Струга и Охрид вклучени се и ертракторите.

    Од противпожарната екипа за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека пожарот е ставен под контрола и работат на негово целосно гаснење.

    Противпожарната единица во Струга поради големината на пожарот и ветерот вчера побарале помош од охридските пожарникари, а од Дирекцијата за заштита и спасување побарале да се активираат и ертракторите.

    Пожарот над селото Делогожда бил пријавен вчера околу 15 часот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира