МИЛОШОСКИ ШЕСТ ГОДИНИ ВО БИТОЛА ВЕТУВА ТОПЛИФИКАЦИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИЛОШОСКИ ШЕСТ ГОДИНИ ВО БИТОЛА ВЕТУВА ТОПЛИФИКАЦИЈА

    Оваа грејна сезона се навршија десет години откако паднаа првите ветувања дека Битола ќе се топлифицира. Во 2006, неколку месеци по парламентраните избори на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, локалната власт раскопа улица во центрот на градот кажувајќи дека става цевки за топлана. Не само што не се изгради, туку и Топлификација отиде во стечај.  Снегот и асфалтот ги покрија трагите.

    Пет години подоцна, пред парламентарните избори, пак паднаа нови ветувања за топлификација. Антонијо Милошоски, носител на кандидатска листа од ВМРО-ДПМНЕ пред битолчани изјави „имаме значаен проект за Битола, почнува на буката т, но не е ТАТ зашто ние не сме СДСМ, туку во следните четири години ќе го топлифицираме градот“.  Од тогаш па до сега, поранешниот вице премиер Владимир Пешевски пушти во употреба постројка за одземање на пареа од турбината на третиот блок.

    Топловодот кој Општината во 2006 најави дека ќе го гради во Битола, ама не само што не се изгради, туку и топлификација отиде во стечај, а снегот и асфалтот ги покрија трагите (Фото: СДК.МК)

    Топловодот кој Општината во 2006 најави дека ќе го гради во Битола, ама не само што не се изгради, туку и топлификација отиде во стечај, а снегот и асфалтот ги покрија трагите (Фото: СДК.МК)

    Како дежаву на последните избори на 11 декември лани, истата партија и кандидат за пратеник Милошоски пак ветуваа топлификација во износ од 47 милиони евра. Ветија дека со неа ќе се промени начинот на живот во Битола и ќе се намали загадувањето зашто повеќето домаќинства наместо на дрва ќе се греат на топлинска пареа.

    Но, чекајќи да дојде топлификацијата, низ годините се се стопија надежите кај дел од битолчаните. Од здружението „За нас се работи“ кое се залага за почист воздух, ветувањата ги нарекоа приспивна песна која политичките партии ја пеат само пред избори и за чуда толку добро ја пејат што некои граѓани ги заспиваат без проблем.

    „Знаеме дека и греењето на домаќинствата и општествените згради е голем проблем во градот Битола и токму заради тоа топлификацијата беше решение за загадувачките капацитети. Но, некои експерти тврдат дека  во оваа фаза и сега кога лигнитот е со ниска калорична вредност, топлификацијата е мисловна именка. Невозможен зафат.  Од сето ова се донесува заклучок дека жителите од Пелагонискиот регион, особено битолчани, нема да добијат решение за нивниот проблем и ќе бидат, како што рече еден академик пресметана жртва за сметка на цела држава“, вели Душко Груевски од „За нас се работи“.

    Благојче Котевски допломиран машински инженер и член на Комисијата за енергетика при СДСМ критикува дека проектот започна во 2011 со одлука на Влада, а ЕЛЕМ требаше да го реализира во рок од 3 години. Според ова, тој додава дека до крајот на 2016 требаше веќе 2-3 години да ги користиме придобивките него.

    „Досега лицитираа со повеќе суми колку ќе ги чини граѓаните овој проekт – 40, 46, 67 и 80 милиони евра. ДПМНЕ планираше за овoј проект да потроши од 40 до 80 милиони евра, што е од 10 до 16 пати поскапо од гасификацијата на Битола која ќе биде поефтина за граѓаните#, вели Котевски.

    Според него, проектот не може да биде остварлив без дополнителни топлани кои ќе вршат дозагревање на водата. Загубата на енергенсот од РЕК, вели Котевски, би била околу 20% со што мора да има дозагревање на водата од локални топлани.

    „Со тоа нема да се намали загадувањето на атмосферскиот воздух. Скопје е исто така загаден како и Битола, а има реализирана топлификација“, вели Котевски.

    Тој посочува дека „Општина Битола до сега нема планирано ставки во буџетот за изградба на мрежата низ градот, што е уште еден дополнителен податок за популистичката политика на режимот.“

    ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ДО БИТОЛА ЗА ДВЕ-ТРИ ГОДИНИ, ВЕТУВА ЕЛЕМ

    На интернет страницата на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола пишува дека за да се користи топлинска енергија од РЕК ќе се направи реконструкција на топлинските системи, изградба на магистрален топлински вод од РЕК до Битола во должина од 12,83 километри , како и модернизација на постојната примарна и секундарна мрежа. Со тоа ќе се озвозможи дел од енергијата од РЕК да се искористи за греење на домаќинствата, јавните објекти, индустриските капацитети  и за оранжериско производство во Пелагонија.

    Постројката за одземање пареа од турбините на Третиот блок на РЕК, од март, 2013 (Фото: СДК.МК)

    Постројката за одземање пареа од турбините на Третиот блок на РЕК, од март, 2013 (Фото: СДК.МК)

    Од ЕЛЕМ велат дека топлификацијата од РЕК до Битола, преку Новаци, Могила и Логоварди им е капитален проект. Ќе чини 47 милиони евра, од кои 39 милиони евра се обзебдени од германската КФВ банка. Во тек се административните постапки, а проектот се реализира за две до три години. Од таму велат дека основните проекти им се подготвени, а во 2017 ќе биде распишан и јавен повик за избор на изведувач на работите.

    „Веќе е изведена  реконструкција на турбините  на два термоблока во  РЕК ‘Битола’ , зафат чијашто вкупна вредност е 4 милиони евра.  Во текот на модернизацијата на РЕК Битола, во два термоблока, целосно е овозможено регулираното одземање на пареата со вградување обвојници на новите преструјни цевководи меѓу цилиндрите за среден и за низок притисок“, пишува во соопштението од ЕЛЕМ.

    Компанијата посочува дека од надлежните државни органи ги имаат добиено  сите одобренија за градба за терцијалната мрежа во градот Битола,  преку која на системот, во првата фаза, ќе се приклучат 35 објекти од јавен карактер, како на пример училишта, градинки, факултети, студентскиот и ученичкиот дом, општинската зграда, но и други објекти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира