МИСТЕРИЈА Е ЗОШТО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЗАГИНАА 4 ИСКУСНИ ПАРАГЛАЈДЕРИСТИ ВО КРУШЕВО

    МИСТЕРИЈА Е ЗОШТО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЗАГИНАА 4 ИСКУСНИ ПАРАГЛАЈДЕРИСТИ ВО КРУШЕВО„Апелираме сите пилоти да бидат предострожни, да обрнат повеќе внимание на безбедноста на летањето, да не влегуваат во опасни предели помеѓу планините и доловите, за да се спречат несакните последици“, велат организаторите на Меѓународното првенство во параглајдерство во Крушево (Фото: СДК.МК)

    Четворица искусни параглајдеристи загинаа на годинешното Меѓународно првенство во параглајдерство во Крушево и исто толку пилоти добиле тешки повреди. Според надлежните, сите учесници во првенството што започна на 8 јули годинава се искусни параглајдеристи, кои имаат лиценци, пилотски дозволи и огромен број летови зад себе.

    „Во тек е истрагата која што ќе ги покаже причините за несреќата, а ги очекуваме и резултатите од обдукцијата што ќе ги покажат причините за смртта на пилотот од Швајцарија. Во Македонија има само еден вештак со таква специјалност, според тоа споро се одвиваат постапките за вештачење и на другите три несреќи“, вели Ристо Шошески јавен обвинител во ОЈО – Прилеп.

    Раководителот на летање на последните два меѓународни натпревари вели дека несреќите се предизикани само од пилотски грешки, поради неискористување на резервниот падобран во критичниот момент. Сепак, истакнува дека условите за летање оваа сезона се потурбулентни во однос на минатите години.

    „Вчера загина Швајцарец на возраст од 69 години, со 12 годишно искуство во летање. Чехот што загина пред тоа леташе реакреативно, тој не беше учесник на превенството. Загина и параглајдерист од Словачка, а во јули и пилот на змеј од Унгарија. Не знаеме што се им се случува на параглајдеристите во последните моменти кога треба да интервенираат, зошто не го користеле резервниот падобран, никој од загинатите не го користеле. Првиот што леташе со змеј, падна врз жици, многу ниско и немал време, но последните двајца имаа доволно време, зошто тоа не го направиле, не знам“, вели Златко Спиркоски, раководител на летање на последните две меѓународни првенства.

    Поради зачестеноста на несреќите, организаторите на натпреварите упатија апел до сите пилоти.

    „Апелираме сите пилоти да бидат предострожни, да обрнат повеќе внимание на безбедноста на летањето, да не влегуваат во опасни предели помеѓу планините и доловите, за да се спречат несакните последици“, вели Спиркоски.

    Инаку, Крушево е познат како еден од најбезбедните терени за параглајдерство во Европа.

    М. ТАЛЕСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира