НАДГРОБЕН КРСТ ЗА ЗАЕВ НА ПРОСЛАВАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАДГРОБЕН КРСТ ЗА ЗАЕВ НА ПРОСЛАВАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БИТОЛА

    Надгробен крст со името на лидерот на СДСМ Зоран Заев носеа двајца битолчани кои вечерва во Битола ја славеа победата на ВМРО-ДПМНЕ. На крстот беа напишани датумот на раѓање на Заев 1974 година, а како датум на смрт 2016 година.

    Фотографијата е направена во близина на Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ. Нејзиното објавување на Фејсбук предизвика бројни коментари, меѓу кои се посочува дека едното од лицата наводно е воспитно-образован работник во битолско училиште.

    Припадниците на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот славеа низ Битола, по прославата на СДСМ од неделата, поради поголемиот број освоени гласови од ВМРО-ДПМНЕ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира