НЕМА ОПШТИНИ КАЗНЕТИ ЗА НЕИСЧИСТЕН СНЕГ ОТИ ТРЕБА САМИ ДА СИ СЕ КАЗНАТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ОПШТИНИ КАЗНЕТИ ЗА НЕИСЧИСТЕН СНЕГ ОТИ ТРЕБА САМИ ДА СИ СЕ КАЗНАТ

    Сите општини во Македонија, без исклучоци, потфрлија во справувањето со снегот, но ниту една не е казнета. Нема казна поради неисчистен снег и за градоначалниците, па сосема очекувано е и две недели по првите снежни врнежи, насекаде да има затрупани улици. За општините се предвидени казни, но треба да им ги пишат општинските комунални инспектори, а за градоначалниците во сегашната законска регулатива не постојат казни.

    Од Државниот комунален инспекторат велат дека сѐ уште има општини во кои под знак прашалник е дали имаат назначени комунални инспектори па не зачудува фактот што нема казнети општини, иако по Законот за јавна чистота можат да бидат казнети; - Плоштадот Македонија под мраз (Фото: СДК.МК)

    Од Државниот комунален инспекторат велат дека сѐ уште има општини во кои под знак прашалник е дали имаат назначени комунални инспектори па не зачудува фактот што нема казнети општини, иако по Законот за јавна чистота можат да бидат казнети; – Плоштадот Македонија под мраз (Фото: СДК.МК)

    „Ова е своевиден вакуум во регулативата. Казна за општината треба да пише општинскиот комунален инспектор. Него го назначува градоначалникот, но и покрај тоа, треба да очекуваме тој да му се спротивстави на градоначалникот и да изрече казна за општината. Контролата на државата во овој сегмент е нула. Ние како државни комунални инспектори немаме ингеренции да ги казнуваме општините оти тоа, според сегашната регулатива, се смета за директно мешање на државата во локалната самоуправа. Ние ја следиме состојбата со снегот и генерално ниту една општина не си ја исполни законската обврска за чистење. Имаше некои главни улици на кои снегот се чистеше, но тоа не ја менува генералната слика“, вели Александар Бундалевски, советник инспектор во Државниот комунален инспекторат.

    Тој смета дека час поскоро треба да се направат темелни реформи во регулативата.

    „Градоначалниците се како англиска кралица. Нема казни за нив. Ние во 2012 година, кога се изготвуваше Законот за комунални дејности, подготвивме предлог верзија  со казни и за градоначалниците и за општините, но таа верзија не беше прифатена. Сега сѐ е сведено на контрола од која може да излезат само препораки, не и казни. Инспекција од Министерството за транспорт и врски може да направи контрола на спроведувањето на Законот за јавна чистота, што значи да провери дали Општината донела програма за зимско одржување на улиците, па ако ја немаат да им препорача да ја усвојат. Тоа е она што јас го нарекувам лажовен систем, се лажеме едни со други. Инспекцијата ќе препорача да се усвои програмата, Советот, ако не ја усвоил, ќе ја усвои, на хартија ќе ја има, но никому ништо ако не се примени на терен. Сѐ се сведува на принципот хартија трпи сѐ“, смета инспекторот Бундалевски.

    Од Државниот комунален инспекторат велат дека сѐ уште има општини во кои под знак прашалник е дали имаат назначени комунални инспектори па не зачудува фактот што нема казнети општини, иако по Законот за јавна чистота можат да бидат казнети. Казна од 4.000 евра е предвидена за правното лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови, а со 30 отсто од казната за правното лице, може да биде казнето одговорното лице во правното лице.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира