НЕВРЕМЕ ГИ УНИШТИ ЛОЗЈАТА ВО КАВАДАРЕЧКО

    НЕВРЕМЕ ГИ УНИШТИ ЛОЗЈАТА ВО КАВАДАРЕЧКО„И тие гроздови зрна што останаа се оштетени“ - лозарот Дане Јошев ги покакажува штетите од невремето.

    Невреме ги уништи лозовите насади во Тиквешко. Поројните дождови оставија уништени гроздови зрна, а лозјата се претворени во зелени езера. Овие фотографии ги направивме попладнево на дел од тиквешките лозја, откако лозари алармираа за САКАМ ДА КАЖАМ.МК дека по зимските и пролетните мразеви и  поројните дождови исто така ги уништија насадите.

    „Синоќа имаше страшно невреме, но дури попладнево успеавме да видиме што оставиле зад себе пороите и градобијните зрна. Десертното грозје кое требаше да го береме за месец дена, сега гледате колку е оштетено, поцрнето и уништено. Од овие скапани зрна не бива десертни гроздови“, ни рече кавадарчанецот Дане Јошев.

    Од поројните дождови лозјата се претворени во езера (Фото: СДК.МК)

    Лозарите допрва ќе ги проценуваат штетите во своите имоти, а апелираат до надлежните во државата  да формираат комисии и да излезат на лице место да ги утврдат оштетувањата и да им помогнат. Според нивните првични согледувања,  штетите се движат и до 80 проценти. Но и тие гроздови зрна кои се останати, се оштетени. Зафатени се повеќе од двеста хектари под лозов насад. .

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира