НОВИОТ СИСТЕМ ЗА НАПЛАТА ГИ ИЗНЕРВИРА ПАТНИЦИТЕ И ВОЗАЧИТЕ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВИОТ СИСТЕМ ЗА НАПЛАТА ГИ ИЗНЕРВИРА ПАТНИЦИТЕ И ВОЗАЧИТЕ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

    Новиот електронски систем за наплата, кој почна целосно да се применува и во ЈСП и кај приватниците од 1 јануари, ги изнервира и возачите и патниците. Патниците револтирано коментираат дека ЈСП со укинувањето на билетот за едно возење ги принудува непланирано да трошат пари.

    Возачите, пак, кинат нерви од објаснувања дека оние кои влегле во автобус без билет, за да се возат мораат да платат 150 денари со кои ќе добијат електронска картичка со пет гратис возења. Иста мака имаат возачите кај приватниците. Тие на секој втор патник му ги враќаат парите кои им ги даваат за да се возат.

    ЈСП вчера соопшти дека за петте гратис возења нема ограничување до кога може да се искористат, а картичката ќе може неограничено време да ја користат со надополнување.

    „За единствено возење ќе се користат електронските картички, кои ќе служат како еден вид електронскиот паричник за купување билет во автобусите на ЈСП Скопје. За таа цел патниците претходно ќе мораат да надополнат средства во овластените продажни места. Минимална сума за надополнување е 100, а максималната 6.000 денари, без рок на искористување. Граѓаните преку својот мобилен телефон ќе можат да купат билет за едно возење за сите линии и ноќен билет за едно возење, исто така за сите линии“, соопштија од ЈСП.

    Поради новиот систем за наплата во јавниот превоз, студентите и пензионерите и покрај студот кампуваат пред билетарите на ЈСП. Тие, како корисници на субвенциониран превоз, добија обврска да си ги продолжат билетите за да им важат и оваа година. Пред секоја билетара има митинг од луѓе завиткани во шалови и капи кои чекаат да стигнат на ред за продолжување на билетот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира