ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ДОБИ ВИДЕОТО ОД ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ, СЕ РАСВЕТЛУВА ДАЛИ ИМАЛО ИЗБОРЕН ПОТКУП

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ДОБИ ВИДЕОТО ОД ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ, СЕ РАСВЕТЛУВА ДАЛИ ИМАЛО ИЗБОРЕН ПОТКУП

    Oбвинителството го доби видеозаписот од зградата на Општина Кавадарци каде наводно е извршено кривично дело, одговори за САКАМДАКАЖАМ.МК Службата за односи со јавноста при Јавното обвинителство на Република Македонија на прашањето до каде е случајот со пријавениот изборен поткуп во овој град пред предвремените парламентарни избори.

    „По расветлување на настанот , ќе бидете дополнително известени“, стои во пораката по е-пошта од Обвинителството, и и постестуваат дека по  добиено известување од Полициската станица  Кавадарци, Основното јавно обвинителство Кавадарци преземало  неопходни дејствија за утврдување на фактичката состојба. Издадени биле  насоки за постапување до надлежните институции, побарано било  од судија на предходна постпака од Основниот суд Кавадарци,  да донесе наредба за одземање на предмети.

    Во саботата, претседателот на Основен суд Кавадарци ни кажа дека била издадена судска наредба за одземање на видеозапис од општинската зграда во Кавадарци, по претходно барање од обвинителството поради основано сомневање за сторено кривично дело поврзано со изборите. Со наредбата, се наложувало на полициска станица Кавадарци да го одземе видеозаписот и предаде на понатамошно постапување во обвинителството. Сево ова, откако во петокот  во полицијата стигнала пријава за обид за поткуп пред предвремените прламентарни избори кои се одржаа во неделата, на 11 декември.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира