ОХРИЃАНИ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ СЕ ЗНАК ОТИ СЕ БУДИ ВУЛКАНОТ ВО  КОСЕЛ

    ОХРИЃАНИ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ СЕ ЗНАК ОТИ СЕ БУДИ ВУЛКАНОТ ВО  КОСЕЛВулканот е над самото село Косел, се забележува една дупка со мали димензии, а месното население го нарекува едноставно – Дувало (Фото: СДК.МК)

    Рано утринававо во Охрид беа почувствувани неколку силни земјотреси. Едниот го стресе градот околу 2 часот, а другиот околу 8 часот. Од Европската сеизмолошка опсерваторија соопштија дека  бил со јачина од 4,1 степени според Рихтер. Епицентарот бил  на околу 8 километри од Косел, каде што се наоѓа и единствениот жив вулкан на Балканот.

    Земјотерсите предизвикаа вознемиреност кај охриѓани и гостите. Немаше материјална штета, освен што уплашените станари на повисоките спратови ги напуштија своите домови.

    Многумина во Охрид се прашуваат дали тоа се буди единствениот жив вулкан на Балканот над Косел, што жителите го викат Дувало. Стручњаците за земјотресно инженерство со години убедуваат дека овој вулкан е безопасен, жив е но не е во можност да исфрла лава, или да создаде потреси на почвата.

    Во легендите за Охрид се раскажува дека коселската котлина во праисторијата била дел од некогашното Панонско Море, кое било сместено на територијата на денешна Војводина, во делови од Унгарија и на поширок простор.

    Инаку, вулканот во Косел може да се почувствува при влезот во селото по карактеристичниот мирис на расипано јајце. Оваа миризба е посебно забележлива  во дождливи денови.

    Околните жители имаат мака со вулканот бидејќи им ги оштетува електричните уреди, посебно постарите во  кои им бакарни жици. Дувалото многумина го  користат и за спас од некои болести. Од него излегува сулфур кој е лековит.

    На почетокот од минатиот век охридски трговци  го продавале сулфурот во некои соседни држави, бидејќи тој е еден од компонентите за изработка на барут.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира