ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО СОПРЕ ГРАДЕЊЕТО НА УЛИЦАТА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО СОПРЕ ГРАДЕЊЕТО НА УЛИЦАТА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

    Општина Центар денеска го сопре градењето на улицата на кејот на Вардар во строгиот центар на Скопје покрај ГТЦ, откако овластен општински градежен инспектор излегол на терен по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, соопшти Општината. Градењето на улицата почна вчера со решение на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, издадено на 31.12.2016, што предизвика протести на околните кафенаџии.
    „Овластениот градежен инспектор издаде решение за стопирање на сите градежни активности на кејот. На градилиштето, како што пропишува законот, нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи. Целата оваа документација е неопходно да се поседува и да биде јавно истакната на градилиштето. На ова градилиште недостасува и елаборат за околчување на теренот од овластена геодетска фирма, лиценци за инженер за изведба, надзорен инженер и елаборат за заштита при работа. Затоа, овластениот градежен инспектор на Општина Центар ја издаде наредбата за стопирање на градежните активности на кејот на Вардар“, соопшти Општината.

    „Во постоечкиот ДУП за Мал Ринг, никаде нема предвидено таква улица, туку подземна сервисна улица, како што и јасно се гледа на планот. Лага е дека тоа ќе биде повторно шеталиште или дека улицата ќе биде само за достава. Ако е така, рестораните и сега го користат кејот за достава и затоа нема потреба ништо да се гради. Доколку е потребна сервисна улица за зградата на ‘Телеком’, таа мора да биде направена под земја, согласно важечкиот ДУП“, вели Општина Центар

    Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според актуелниот Детален урбанистички план (ДУП) никаде не постои, велат од Општина Центар.
    „Вчера, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидоа да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните, кои мора да ја знаат вистината за улицата која Град Скопје сака да ја прави на кејот на Вардар и чија е одговорноста за оваа незаконска одлука. Во постоечкиот ДУП за Мал Ринг, никаде нема предвидено таква улица, туку подземна сервисна улица, како што и јасно се гледа на планот. Лага е дека тоа ќе биде повторно шеталиште или дека улицата ќе биде само за достава. Ако е така, рестораните и сега го користат кејот за достава и затоа нема потреба ништо да се гради. Доколку е потребна сервисна улица за зградата на ‘Телеком’, таа мора да биде направена под земја, согласно важечкиот ДУП“, стои во соопштението од Општината.

    Оттаму велат дека Општина Центар досега ја блокирала изградбата на улицата со сите расположливи механизми и дека ќе продолжи да го прави тоа, за да го заштити кејот на Вардар. Од Општината го повикуваат државниот инспекторат веднаш да го преиспита „незаконски издадено одобрение за градба од страна на Град Скопје“, кое градоначалникот Коце Трајановски го потпишал на 31 декември 2016 година.
    „Градоначалникот Коце Трајановски и неговата партија мора да разберат дека од пролетта 2013 година, општина Центар престана да биде полигон за незаконски и криминални активности. Инспекциските служби на Општина Центар ќе направат увид во постоечката документација и ќе го информираат државниот инспекторат, за истиот да се произнесе за оваа незаконска градба“, велат од Општина Центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира