ПЕПИ МИРЧЕВСКИ И ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА ЕРИК КАНТОНА СПАСУВААТ СИРАЧЕ ВО ФИЛМОТ „АНКА“

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕПИ МИРЧЕВСКИ И ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА ЕРИК КАНТОНА СПАСУВААТ СИРАЧЕ ВО ФИЛМОТ „АНКА“

    Популарниот македонски актер Пепи Мирчевски од Битола снимаше филм заедно со прославениот поранешен фудбалер на „Манчестер јунајтед“ Ерик Кантона, кој стана и голема филмска ѕвезда. Во хрватскиот филм  „Анка“, Мирчевски како вилењак и Кантона како работник во тулана спасуваат сираче кое побегнало од дом. Оваа детска бајка е работена според романот на Мато Ловрак и актерите велат дека наликува на популарниот филм „Господар на прстените“. Филмот е во режија на Дејан Аќимовиќ, а во понеделникот имаше премиера во Загреб.

    „Едно девојче бега од домот за сирачиња, па го прибираат во една тулана, која е работилница. Го прибира човек кој има бразилско потекло. Тој е Ерик Кантона. Се појавува жена која сака да го посвои, се прикажува дека е мајка, а таа е змија која може да се трансформира во човечки лик, олицетворение на злото. Но добрината е кај другите луѓе кои работат во туланата, главен од нив е актерот Кантона. Девојчето минува низ многу премрежија, ја напаѓаат змиите, злите духови. Но, водена од добрите вилењаци, го победува злото“, вели Мирчевски за приказната на филмот.

    Тој е воодушевен од едноставноста на Кантона, кој и покрај големата слава на фудбалските терени и филмското платно, сепак не се однесувал вообразено, туку како обичен човек рамен со другите актери.

    „Снимањето на филмот беше во летото 2015 во Шибеник. Имаме заедничи сцени со Кантона и тој е многу едноставен човек.  Тој во филмот потекнува од Бразил и зборува, да речам, расипано хрватски“, вели Мирчевски.

    Во филмот игра и македонскиот актер Владо Јовановски.

    Со овој филм продолжи одличната соработка што Мирчевски ја има со режисерот Дејан Аќимовиќ, па се појавува како актер во трите негови филмови.

    Мирчевски во последните години е сѐ почесто на филмското платно. Досега снимил над 35 филмови и многу серии. Во филмовите имаше можност да глуми со познати актери како Кантона, но и со секс симболот Моника Белучи во филмот „Млечниот пат“ на Емир Кустурица. Овој филм премиера имаше лани на фестивалот во Венеција, а наскоро се очекува дистрибуција и во Македонија.

    На прашањето со кого би глумел повторно, со Ерик Кантона или Моника Белучи, Мирчевски вели: „Како припадничка на понежниот пол ја одбирам Белучи, но и двајцата се изврсни актери, а по карактер многу едноставни луѓе. Среќен сум што работев со такви величини“.

    Наскоро ќе снима серија во режија на познатиот српски акатер Драган Бјелогрлиќ. Во моментов, во Народниот театар Битола работи на претставата „Дупло дно“од Горан Стефановски, а во режија на Ангел Илиевски, која премиера ќе има за меѓународниот Ден на театарот  27 март.

    Мирчевски вели дека силата за толку големи ангажмани ја полни со внуците, шестгодишната Бисера и тримесечниот Павел.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира