„ПЛОШТАД СЛОБОДА“ ЌЕ БАРА И БИЛБОРДИТЕ ДА СЕ ПРЕДВИДУВААТ СО ДУП

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ПЛОШТАД СЛОБОДА“ ЌЕ БАРА И БИЛБОРДИТЕ ДА СЕ ПРЕДВИДУВААТ СО ДУП

    Здружението „Плоштад Слобода“ ќе бара и локациите за билборди да се предвидуваат во Детални урбанистички планови. Ваква активност се наметна посебно по поставувањето на билбордите во Дебар Маало, кои блокираат пешачки и велосипедски патеки, поставени се на раскрсници или го одземааат и онака оскудното зеленило. Општина Центар поставува 24 билборди низ Дебар Маало и Буњаковец, од кои 11 се поставени на улицата Орце Николов, а 6 на Ленинова.

    „Билбордите се третираат како урбана опрема и нив ги нема во Деталните планови. Кога се работи за поставување билборд, институциите кои до вчера не биле во добри односи, веднаш ги усогласуваат ставовите и ги издаваат потребните дозволи колку да не се согласувале едни со други претходно. За поставените билборди согласности има и од Општина Центар и од Град Скопје и од МВР. Недостасува само објаснување кој има корист од билбордите. Општината за десет години за локациите за билборди ќе добие 95.000 евра, што е помалку буџетот што го предвидува општина за култура, на пример“, вели Никола Наумовски од „Плоштад Слобода“.

    Јана Белчева – Андреевска, член на иницијативата “Во одбрана на Дебар Маало” вели дека хаотичното поставување билборди е резултат на несоодветната подготовка на Деталните урбанистички планови.

    „Плановите се прават без претходни стручни студии. Ако во овој случај се направела сообраќајна студија секој што ќе ја отвори ќе може да види дека раскрсницата на Орце Николов и Ленинова не е погодна за поставување билборди. Недостасува основен податок за број на жители при носењето на плановите, за квалитетот на животната средина и слично. Освен тоа, единствен услов кога се бира фирмата која ќе го иработува деталниот план е најниската цена, нема никакви други параметри па може и човек фирма да биде избрана оти е најевтина“, рече Белчева-Андреевска.

    Здружението „Плоштад Слобода“ сите досегашни активности за заштита на зеленилото и мерките за правење детални урбанистички планови по мерка на граѓаните, од вчера ги објавува на вебсајтот ГРАДЗАСИТЕ.МК. На вебсајтот споделени се методологии за пописи на зеленило, примери на веќе спроведени пописи, прирачници за читање на ДУП-ови, граѓански активизам, анализа на реновирани улици. Покрај ова, вебсајтот ќе споделува вести за локални и зелени прашања, но и ќе информира за активностите на локалните иницијативи низ земјата.

    М. ТАЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира