ПО 20 ГОДИНИ ПАУЗА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СТРУМИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО 20 ГОДИНИ ПАУЗА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СТРУМИЦА

    Германската компанија „Вете Е“ заедно со македонската „Вардар градба“ ги почнаа работите за изградба на пречистителната станица во Струмица, каде ќе се третираат отпадните и фекалните води кои досега се излеваа во реката Струмица и завршуваа во Егејското Море. Станува збор за проект од ИПА програмата на ЕУ за регионален развој, кој треба да се реализира до октомври 2017 тата.

    Станицата ќе се гради на површина од 55 илјади метри квадратни во атарот на селото Сачево, каде пред дваесетина години Општината почна да ги гради објектите, но бидејќи немаше пари постапката беше прекината. За овој проект беше најавена и донација од Грција од програмата на Пактот за стабилност, но таа никогаш не ги одобри парите иако постојано имаше ветувања.

    Изградбата на станицата која ќе има капацитет да опслужува 55 илјади жители ќе чини околу 6, 5 милиони евра, а на неа освен домаќинствата од градот ќе бидат приклучени и селата Баница, Добрејци, Сачево, Градско Балдовци, Дабиле, Муртино, Просениково но и индустриските зони, Север, Сачево и зоната околу Агрокор.

    За изградба на пречистителна станица најгласни беа жителите од Дабиле и Сачево, низ чии атари со земјоделски површини поминуваше отворениот канал со фекалии. Тие реагираа бидејќи продажбата на нивните земјоделски производи одеше тешко поради загаденоста на нивите од струмичките фекалии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира