ПОЛИЦАЕЦ ПУКАЛ СО СЛУЖБЕНИОТ ПИШТОЛ, ПОВРЕДЕНИ ДВЕ МОМЧИЊА ОД РАДОВИШ

    ПОЛИЦАЕЦ ПУКАЛ СО СЛУЖБЕНИОТ ПИШТОЛ, ПОВРЕДЕНИ ДВЕ МОМЧИЊА ОД РАДОВИШИнцидентот се случил кај градската капела во Струмица (Фото: СДК.МК)

    Малолетно момче од Радовиш е тешко повредено и е префрлено на клиниките во Скопје, откако попладнево во него пукал полицаец со службен пиштол, како што тврдел, во самоодбрана. Друго момче е повредено во нога. Инцидентот се случил кај градската капела во Струмица. Според информациите, момчињата од Радовиш со двајца нивни другари биле осомничени за кражба кај браната Мантово, радовишко и бегале од полицијата со возило „опел фронтера“ со словенечки регистарски ознаки. Биле пресретнети со две возила на земјениот пат кај капелата на струмичките гробишта.

    При обидот да биде приведен, момчето од Радовиш наводно го нападнал полицаецот кој испукал еден куршум, што ги погодил двете момчиња, едното во градниот кош, а другото во нога.

    МВР потврди за инцидентот, но рече дека во интерес на истрагата не сака да соопшти повеќе детали. Нивни екипи вршат увид за да утврдат дали имало пречекорувања во овластувањата на полициските службеници. На лице место се и повеќе тимови од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења.

    В. ТРАЈКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари