ПОЖАР ВО СКОПСКА КИСЕЛА ВОДА, ПОЖАРНИКАРИТЕ ЕВАКУИРААТ СТАНАРИ

    ПОЖАР ВО СКОПСКА КИСЕЛА ВОДА, ПОЖАРНИКАРИТЕ ЕВАКУИРААТ СТАНАРИОд противпожарната бригада велат дека станарите не се во опасност - (принтскрин од аматерско видео)

    Гори стан во зграда во скопската населба Кисела Вода, спроти салата Расадник. Во моментов пожарникарите на скопската противпожарна бригада со неколку возила го гасат пожарот и ги евакуираат станарите.

    Владимир Симоновски, командат на Бригадата за противпожарна заштита за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека има станари на 7-кат од зградата кои не успеале да се симнат пред проширување на пожарот и работат на нивно евакуирање.

    “Не се во опасност луѓето, работиме на нивно извлекување. Пожарот е на 5 кат ” , вели Симоновски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира