ПОЖАРНИКАРИ СО ДВЕ ВОЗИЛА ВАДЕА МРТВА КРАВА ОД ВАРДАР ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЖАРНИКАРИ СО ДВЕ ВОЗИЛА ВАДЕА МРТВА КРАВА ОД ВАРДАР ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    Екипа на Противпожарната бригада на Скопје денеска беше повикана од комуналните служби да извади мртва крава од Вардар, заглавена пред Камениот мост. На терен излегоа две возила на пожарникарите, кои со макара го отстранија лешот на животното од речното корито.

    „Поради специфичноста на местото каде што бил заглавен лешот, песокот во Вардар, комуналните служби нè повикаа за помош. Испративме две возила со пет луѓе, кои со макара го извлекоа мртвото животно и го предадоа на ’Комунална хигиена’“, вели Ѕвонко Томевски, новиот командант на Противпожарната бригада на Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира