РАБОТНИЦИТЕ ОД ЈУГОХРОМ УТРЕ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО КАЈ ЖЕЛИНО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РАБОТНИЦИТЕ ОД ЈУГОХРОМ УТРЕ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО КАЈ ЖЕЛИНО

    Вработените во фабриката за феролегури „Југохром“ од Јегуновце во четврток од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот Скопје-Тетово во двата правци кај наплатната рампа кај Желино. Синдикалната организација на „Југохром Алзар“ Јегуновце најави дека патот ќе го блокираат во знак на протест, бидејќи сите печки во фабриката се исклучени од први ноември лани по налог на Државниот инспекторат за животна средина.

    Комбинатот беше затворен од еколошката инспекција, бидејќи не го испочитува продолжениот рок од две години, што му го даде Владата да постави филтри за добивање на А интегрирана еколошка дозвола за работа. Околу 700 вработени во оваа компанија неколку пати го блокираат патот Скопје-Тетово, со барање да продолжи со работа комбинатот, бидејќи се без егзистенција.

    „Синдикалните барања ќе ги истакнеме за време на протестот, а ја информираме јавноста дека на трети март во петок во 14 часот ќе присуствуваме на договорена работна средба со претседателот на Владата Емил Димитриев“, соопшти Синдикалната организација на „Југохром Алзар“ Јегуновце.

    Државниот инспекторат за животна средина последната контрола во овој индустриски капацитет ја направил на почетокот на минатиот месец.

    „Од последната контрола утвртдено е дека градежните работи се на исто ниво пред да фатат големите студови, односно дека местото е армирано. Дали во текот не месецот е почнато со бетонирање не знаеме, но од тоа што треба да се направи не се завржени ни 10 отсто од работите“, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

    Од Министерството за животна средина велат дека штом добијат известување од Државниот инспекторат за животна средина дека е поставена филтерската постројка, ќе пристапат кон издавање на А интегрирана дозвола.

    „Досега нема информација дека се поставени филтрите“, велат од Министерството за животна средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира