СПОМЕНИКОТ НА ФИЛИП ВТОРИ ВО БИТОЛА СТАНА СНЕЖНА ТОПКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СПОМЕНИКОТ НА ФИЛИП ВТОРИ ВО БИТОЛА СТАНА СНЕЖНА ТОПКА

    Споменикот на Филип Втори во центарот на Битола е поставен во голема импровизирана снежна топка. И покрај нашите обиди да добивме одговор од општина Битола дали споменикот на античкиот владетел ќе биде дел од новогодишната декорација, од службите телефонски ни беше одговорено дека не знаат.

    Поради зафатот кој се изведува врз Филип Втори со лента затворен за движење е поголемиот дел од плоштадот Магнолија. Битолчани љубопитно застануваат и гледаат што се случува со споменикот.

    Снежна топка како дел од декорацијата е поставена и спроти споменикот.
    За Филип Втори годинава беше бурна. Шарената револуција го прскаше со бои, од Унија на жени го чистеа, а на крај се изрони дел од мермерот.
    Ж. Здравковска

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира