СРЕДБАТА ИВАНОВ-НИКОЛИЌ ГО ОДЛОЖИ ЗАФАТОТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СРЕДБАТА ИВАНОВ-НИКОЛИЌ ГО ОДЛОЖИ ЗАФАТОТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА

    Зафатот на водоводниот систем во Битола е одложен за в понеделник за да не остане градот без вода за време на денешната средба на македонскиот и српскиот претседател, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ. Битола денеска требаше да остане без вода неколку часа поради поголем зафат на водоводната мрежа, но работата на ЈП „Водовод“ е одложена за в понеделник поради билатералната средба

    Исто така, битолчани во централното градско јадро денес нема каде да го фрлат ѓубрето , бидејќи сите контејнери се тргнати од безбедносни причини. Во обезбедувањето се вклучени полицајци од Битола, Прилеп, Демир Хисар и од други градови.

    Српскиот претседател со хеликоптер го посети Кајмакчалан по повод стогодишнината од битката на Кајмакчалан, ги посети српските воени гробиша во Битола и имаше средба со Иванов.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира