„СТЕВЧО ЛОПОВ“, СКАНДИРАА ЖИТЕЛИТЕ НА ТАФТАЛИЏЕ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ УРБАНАТА МАФИЈА ВО КАРПОШ

„СТЕВЧО ЛОПОВ“, СКАНДИРАА ЖИТЕЛИТЕ НА ТАФТАЛИЏЕ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ УРБАНАТА МАФИЈА ВО КАРПОШГрадоначалникот Јакимовски не дојде ни на вечерашниот протест, а не дојдоа ниту претставници од Општината да ги слушнат пораките на жителите кои се решени да направат сѐ што треба за да запре дивеењето на урбаната мафија (Фото: РадиоМоф)

Со портрети од градоначалникот Стевче Јакимовски во рацете и порака дека тој е уништувач на зеленилото во Карпош, вечерва се маршираше низ скопската населба Тафталиџе. Градоначалникот Јакимовски не дојде ни на вечерашниот протест, а не дојдоа ниту претставници од Општината да ги слушнат пораките на жителите кои се решени да направат сѐ што треба за да запре дивеењето на урбаната мафија.

Граѓанското здружение „Зелено Тафталиџе“ е организатор на вечерашниот марш. Тие бараат да престане намалувањето на квалитетот на живот во Карпош (Фото: РадиоМоф)

Тие се собраа на улица Лондонска, продолжија по улица Варшавска до комплексот „Настел“ и по улица Прашка дојдоа до паркот на улица Букурешка кој стана симбол на борбата за зеленилото. Минувајќи покрај градилиштата за нови згради, жителите скандираа „Стевчо лопов“  и укажуваа дека на некои од локациите каде што се градат висококатници, претходните сопственици не успевале да добијат одобренија за градење на само три ката.

Граѓанското здружение „Зелено Тафталиџе“ е организатор на вечерашниот марш. Тие бараат да престане намалувањето на квалитетот на живот во Карпош.

Минувајќи покрај градилиштата за нови згради, жителите скандираа „Стевчо лопов“ и укажуваа дека на некои од локациите каде што се градат висококатници, претходните сопственици не успевале да добијат одобренија за градење на само три ката (Фото: РадиоМоф)

„Инфраструктурата и канализацијата на населбата првенствено не можат да го издржат новото темпо на градба и како последици од таквото дејствување се јавуваат поплави, одрон на земјиште, испукани улици, зголемена загаденост на воздухот и општо на населбата, сечење дрва, узурпирање паркови, закани према граѓани и комплетно самоволие“, велат од „Зелено Тафталиџе“.

Граѓанското здружение пред една недела го организираше првиот протест ова лето, откако активистите пребројаа 25 градилишта за нови згради само во Тафталиџе.

На тој протест, граѓаните на лимените тараби од градилиштата  му оставија пораки на градоначалникот со текст „Стевче Јакимовски уништувач на паркови и зеленило во Карпош“, „Стевче Јакимовски: Не може нам нико ништа јачи смо од судбине – навистина е јак го бетонира и уништи Тафталиџе“, а закачија неколку негови портрети со пречкртано лице.

Портрети со пречкртано лице на градоначалникот има и на вечерашниот марш против урбаната мафија.

Е. БОЧВАРОСКА

 

 

 

 

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира