ТАЛЕСКИ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО ТРИ МЕСЕЦА КУЌЕН ПРИТВОР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАЛЕСКИ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО ТРИ МЕСЕЦА КУЌЕН ПРИТВОР

    Откако три месеци мина во куќен притвор за случајот „Транспортер“, битолскиот градоначалник Владимир Талески денес за првпат се појави во јавноста. Тој одржа прес-конференција за асфалтирањето на улицата „Широка“ и рече дека неговото тримесечно отсуство не се одразило врз работата на општината. Тој призна дека секојдневно бил во комуникација со општинската администрација и дека СЈО за тоа време уште еднаш проверило како функционира општината во негово отсуство.

    „Гледам  тука многу луѓе си правеа полемики, па дури и ги предизвикаа од СЈО да дојдат уште еднаш да проверат што работиме, иако и тие го имаа истото решение. Тврдам дека асполутно во текот на изминатите три месеци немаше никаков застој во однос на проектите, програмата изгласана од Советот. И благодарам на администрацијата која 24 часа дневно беше во контакт со мене, со дел од изведувачите комунициравме, а сега ќе го видите она што го испуштивме во летниот период“, рече Талески пред новинарите.

    Најави дека од утре ќе ги презентира сите проекти кои се работеа во изминатиот период, притоа додавајќи списокот е долг, а се што ветил во 2005 година уште за првиот мандат до денес се реализира.

    Талески беше три месеци во куќен притвор како првоосомничен за случајот „Транспортер“. СЈО го осомничи дека заедно со секретарот на општината, директори на училишта и превозни компании организирале школски превоз за учениците по цени повисоки од реалните. Талески тврдеше дека тоа е политички монтиран процес. Од куќниот притвор беше ослободен на 19 септември со обврска два пати недело да се јавува во судот во Битола.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира