ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ЧАС НА ПЛОШТАД

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ЧАС НА ПЛОШТАД

    „Започна“ учебната година за гимназијалците од македонската настава од гимназијата Кирил Пејчиновиќ од Тетово, но место во училишните клупи гимназијалците првиот час го одржаа на градскиот плоштад. Ова е само продолжеток на нивниот протест, кој трае од први септември со кој тие ја бојкотираат наставата бидејќи бараат  да им се обезбедат соодветни услови за нормално следење на наставата. Околу 240 ученици заедно со професорите велат дека ваква настава, на градскиот плоштад, ќе одржуваат се додека не се најде решение за нивниот проблем.

    „Веќе три учебни години континуирано инсистираме да почне изградбата на ветениот објект во рамките на матичната гимназија. Изморени сме и длабоко разочарани од празните ветувања кои ни се даваат секоја учебна година дека следната учебна година ќе биде решен проблемот. Затоа приморани сме, поради несоодветниот третман и интерес од страна на надлежните, да се одлучиме на овој радикален чекор. Наставата ја организираме под ведро небо пред просториите на секторот за Јавни дејности и образование на градскиот плоштад со надеж дека надлежните конечно ќе не видат и слушнат и ќе го решат нашиот проблем“, изјави Дејан Ѓурчиновски професор во гимназијата.

    До денеска беше крајниот рок до кога Владата требаше да се изјасни по барањето да се воведе трета смена во тетовската гимназија со што требаше времено да се реши овој проблем се додека не се изгради соодветен објект. Одговорот од Владата сеуште не е пристигнат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира