ТИКВЕШКО ОСТАНА БЕЗ ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ОТИ ГАСОВОДОТ СКИНА ВОДОВОДНИ ЛИНИИ

    ТИКВЕШКО ОСТАНА БЕЗ ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ОТИ ГАСОВОДОТ СКИНА ВОДОВОДНИ ЛИНИИпри изградбата на гасоводната мрежа биле скинати неколку водоводни линии, па каналите сега немаат вода за наводнување на земјоделските посеви (Фото: СДК.МК)

    Поради гасоводот и дефект, земјоделци останаа без вода за наводнување во Тиквешко. Првите кои се од Неготино, се пожалија дека при изградбата на гасоводната мрежа, им биле скинати водоводните линии. Вторите, од росоманско, реонот на Градско и  кавадаречко, реагираат поради тоа што навреме не бил отстранет дефект, па нивите им останале жедни и трпат штети.

    „Капка вода нема за наводнување. Само не лажат сега ќе дојде, утре ќе дојде вода, а ни страда посевот. Тие праски што куртулија од пролетниот мраз сега ќе настрадаат оти нема вода, овенуваат наместо да напредуваат. Расадот тутун и пиперки прерасна една педа и не можеме да го расадиме. Не сум само јас, многу земјоделци трпат штети поради ваквата состојба, цели блокови се оставени на милост и немилост. Се размислува и за блокади ако не се реши проблемот“, вели Стојан Илиќ од росоманското село Сирково.

    Јавното претпријатие за водостопанство „Тиквеш” од Кавадарци ги потврди проблемите кои го нарушиле нормалното водоснабдување во регионот.

    „При изградбата на гасоводот навистина беа скинати неколку главни водоводни линии, а нормализирањето на состојбата беше зависно од потребите од вода на нашите корисници. Останува да се поврзе уште една линија, се работи на решавање на проблемот. Во другиот случај, вода за наводнување нема поради санирање на дефект на сифонот Макарија, веруваме дека и тој проблем ќе се надмине најбрзо што може“, велат од јавното водостопанско претпријатие.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира