ТРИ И ПОЛ МЕСЕЦИ ПО ПРЕГАЗУВАЊЕТО НА АЛМИР, ВОЗАЧОТ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРИ И ПОЛ МЕСЕЦИ ПО ПРЕГАЗУВАЊЕТО НА АЛМИР, ВОЗАЧОТ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    Осомничените Б.И. (30) и Б.И. (23) во случајот за прегазување на четиригодишниот Алмир Алиу пред Здравствениот дом, денеска беа на распит кај јавен обвинител во Куманово.

    Двајцата дале исказ пред обвинителот и го опишaле настанот што се случил критичната вечер. Од обвинителството и нивниот адвокат не сакаа да дадат информации од распитот во интерес на истрагата. На јавниот обвинител му останува да ги собере сите докази во истрагата и да одлучи дали ќе покрене обвинение.

    Во Основниот суд Куманово, Б.И. (30) беше донесен под силно полициско обезбедување од притвор во Шутка, додека Б.И. (23) се брани од слобода.

    Инциденот се случи на 25 јуни годинава околу 22.30 часот, кога по банална расправија и физичка пресметка на роднини од две семејства, детето беше удрено со автомобил. Една недела се бореше за живот на апарати на една од скопските клиники, по што им подлегна на повредите.

    Смртта на Алмир предизвика револт кај граѓаните на Куманово, а беше организиран и протест.  Двете семејства тогаш повикаа нивната трагедија да не се користи за политичка и етничка пресметка, туку да се остави правосудните органи да си ја завршат работата и да го казнат виновникот.

    Кумановската полиција тогаш поднесе кривична пријава против пет лица под сомнение дека се вмешани во инциденот. Покрај возачот Б.И. (30), пријави за насилство заработи и неговиот брат Б.И. (23), како и три лица од спротивната група С.А. (36), С.Д. (36) и А.А. (32) сите од Куманово.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира