СО ЦРВЕНИ ЛЕНТИ НА РАЦЕТЕ ВРАБОТЕНИТЕ ВО „ПОВАРДАРИЕ” БАРААТ ПЛАТИ И ПРИДОНЕСИ

    СО ЦРВЕНИ ЛЕНТИ НА РАЦЕТЕ ВРАБОТЕНИТЕ ВО „ПОВАРДАРИЕ” БАРААТ ПЛАТИ И ПРИДОНЕСИРаботниците во „Повардарие“ од Неготино протестираат за исплата на две плати и придонеси за пензиско осигурување кои не биле платени од август лани (Фото: СДК.МК)

    Со црвени ленти на рацете вработените во винарската визба „Повардарие“ од Неготино си ги бараат заостанатите плати и придонеси за пензиско осигурување, потврди Живко Даневски, претседател на Агросиндикатот на Македонија. Станува збор за две плати и придонеси за пензиско осигурување кои не биле платени од август лани.

    „Лентите ги ставија во знак на протест, да не биде штрајк. Сѐ со цел остварување на своите права. Не е само за платите, има и други прашања кои треба да се решаваат во иднина. Тука, меѓу другото, се мисли на ноќната работа, прекувременото ангажирање, плати неисплатени преку редовната сметка на винарницата. Платите се исплаќаат преку други фирми. А лентите се тука за да се изрази протест, но сепак да не се наруши  ритамот на работа во компанијата“, вели Даневски.

    Тој рече дека за утре планираат да седнат со новото раководство на винарницата и да преговараат околу проблемите, да се најдат долгорочни, а не краткорочни решенија.

    Сѐ уште траат блокадите на винарницата од лозарите кои бараат пари за предадено грозје. Затворени се двата влеза и не се дозволува неколку цистерни полни со флаширано и наливно вино, да излезат од кругот на винаријата (Фото: СДК.МК)

    И извори од винарската визба велат дека допрва ќе се усогласуваат работите, па од раководството се очекува договорот да се стави и на хартија, а пропустите во работењето да се исправат.

    Во меѓувреме, сѐ уште траат блокадите на винарницата од лозарите кои бараат пари за предадено грозје. Затворени се двата влеза и не се дозволува неколку цистерни полни со флаширано и наливно вино, да излезат од кругот на винаријата. Според неофицијални информации, винаријата им должи на лозарите околу 4 милиони евра и тоа за дел од 2014, 2015 и 70 отсто од реколтата за 2016 година.

    „Повардарие” секоја година соработува со околу 7.000 лозарски семејства во Тиквешијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира