УНЕСКО БАРА СТОПИРАЊЕ ГРАДБИ НА ГАЛИЧИЦА, ИЛИ ЌЕ ГО БРИШЕ ОХРИД ОД ЛИСТАТА НА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО

    УНЕСКО БАРА СТОПИРАЊЕ ГРАДБИ НА ГАЛИЧИЦА, ИЛИ ЌЕ ГО БРИШЕ ОХРИД ОД ЛИСТАТА НА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВОДури по интервенција на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам општина Охрид во март ја сопре изградбата на хотел во Лагадин на само неколку метри од брегот поради соммеж дека се прекршениа 12 закони, 1 подзаконски акт и Уставот на Република Македонија. Објектот сега е легло на зараза бидејќи се претвора во дива депонија и живеалиште за кучиња скитници. (Фото: СДК.МК)

    На својата официјална страница УНЕСКО побара веднаш да се стопира најавената изградба на инфраструткруни објекти на планината Галичица, или следи бришење на Охрид од листата на Светско наследство.

    Ова предупредување стигна по последната посета на тим на експерти на УНЕСКО на ова подрачје пролетва. Во него се вели дека  најавените градежни проекти „ќе доведат до неповратни промени во заштитеното природно подрачје”. Тие сметаат дека ќе биде загрозен биодиверзитетот и ќе се загади водата.

    За потсетување, претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски најави изградба на голем ски-центар на Галичица, како и експресен пат од Охрид до Пештани, кој беше планирано да се гради во пазувите на оваа планина која се надвисува над Охридското Езеро.

    Како по обичај, по извештајот на УНЕСКО, од локалната самоуправа во Охрид се правдаат неодредено и без да кажат конкретни активности. Градоначалникот Бакрачески во изјава за медиуми кажа дека „прогресот на една заедница, на Охрид, зависи од потребите на граѓаните за развој и она што значи зачувување на  природното и културното наследство”.

    Во извештајот, УНЕСКО нема забелешки на зачувувувањето на културното наследство на градот.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира