ВО ЦЕНТАРОТ НА КАВАДАРЦИ СЕ ТРУЈАТ КУЧИЊАТА, ОБВИНУВААТ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:50:"Кавадарци(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО ЦЕНТАРОТ НА КАВАДАРЦИ СЕ ТРУЈАТ КУЧИЊАТА, ОБВИНУВААТ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИ

    Во центарот на Кавадарци е расфрлан отров, алармираат од Аними Реино, здружение за заштита на животните од овој град. Тие тврдат дека кучето на оваа фотографија настрадало токму поради тој отров. Предупредуваат дека отров бил забележан над гимназијата и црквата во градот. Препорачуваат секој што ќе забележи расфрлан отров наоколу, или сомнителна храна, да ја фрли во канализација, никако во контејнер.

    „Мали деца и луѓе исто така можат да умрат доколку дојдат во контакт со отровот. Жално е кога гледаме дека живееме меѓу чудовишта, а не меѓу луѓе.Утре можеби и  детето на трујачот  ќе ги мине овие улици. Да се засрами, вели Ангела Лазова“, претседателка на Анима Реино.

    Таа нагласува дека во здружението се свесни оти во Кавадарци има многу улични кучиња, кои понекогаш создаваат стрес и паника кај граѓаните, посебно ако се здружат во глутници, но во делот на градот каде што е фрлен отровот над гимназијата и црквата, кај бензинската и салата Јасмин кучињата биле маалски миленици.

    „Имаме навика, кога имаме донации од храна да поминуваме низ улиците и оставаме храна за уличните кучиња. Баш  ден пред да настапи ова труење нашите активисти ги поминаа тие улици и оставија храна. Ниту едно од кучињата кои ги сретнале не биле агресивни“, тврди Лазова.

     

    Таа предупредува дека трујачите не ги сфаќаат последиците оти корисат лепак за глувци или пак пестициди кои се ефтини лесно достапни, а во поголеми количини може да убијат и човек.

    Советот и препораката од Здружението е дека  нема да има улични кучиња или ќе ги има многу малку,  доколку секој граѓанин миленикот го стерилизира/кастрира или барем го изолира за време на сезона на парење.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира