ЗАПОЧНА РЕГУЛАЦИЈА НА РЕЧНОТО КОРИТО НА ЛИПКОВКА ВО КУМАНОВО

    ЗАПОЧНА РЕГУЛАЦИЈА НА РЕЧНОТО КОРИТО НА ЛИПКОВКА ВО КУМАНОВОПроектот предвидува продлабочување и проширување на речното корито, поставување на бетонска подлога и поплочување со камен, изградба на мостови и пешачки патеки на одредени локации (Фото: СДК.МК)

    Започна реализација на проектот на УНДП за регулација на реката Липковка во Куманово во должина од 1.8 километри. Проектот предвидува продлабочување и проширување на речното корито, поставување на бетонска подлога и поплочување со камен, изградба на мостови и пешачки патеки на одредени локации. За целосна реализација потребни се 1 милион евра, по 200.000 евра ќе обезбеди Министерството за животна средина и општина Куманово, а останатите УНДП преку странските амбасади.

    Со регулација на речното кориото од автопатот до вливот на реката Кумановка, ќе се реши деценискиот проблем на излевање на реката Липковка во населбите покрај стадионот Башкими, во стариот градски парк и населбата Средорек. Новоизградениот дел ќе се спои со постоечкиот и уреден Градски кеј, кој е најпосетено место за рекреација во градот.

    За целосна реализација потребни се 1 милион евра, по 200.000 евра ќе обезбеди Министерството за животна средина и општина Куманово, а останатите УНДП и донаторот Јапонија;- јапонската амбасадорка Кеико Канеда дојде на почетокот на градбата (Фото: СДК.МК)

    „Планирано е проектот да се заврши до крајот на годината, се надевам дека нема да имаме пропусти и некои застои. Ова е еден од најголемите проекти што се реализира во Куманово во изминатиот период и претставува витален проект за решавање на проблемот со излевање на реката Липковка, посебно во населбата Средорек“, рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Постојаниот претставник на УНДП Лујза Винтон, рече дека приоритет на УНДП се проекти за спречување на последиците од природни катастрофи не само за Куманово, туку на целата теротирија на државав, затоа што претставуваат голем ризик за животот на луѓето.

    „Ми претставува задоволство што ќе работиме на спречување на поплавите, затоа што жртви на ваквите природни непогоди се луѓето кои најмалку можат да си приуштат да се справат соодветно со ваквите непогоди. УНДП се гордее што само во неколку месеци можееше да премине од проект-идеја до реализација и имплементација на овој проект, кој се реализира со извонредната соработка и партнерство со општината Куманово и Министерството за животна средина и нашиот донатор Владата на Јапонија“, рече Винтон.

    На почнувањето на проектот присуствуваа јапонската амбасадорка Кеико Канеда и министерот за животна средина Садула Дураки.

    С. НИКОЛИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари