ЖЕРНОВСКИ НАЈАВИ МОНТАЖЕН ПАРКИНГ ПО ПРОТЕСТОТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТРОТОАРИТЕ ВО ДЕБАР МААЛО

    ЖЕРНОВСКИ НАЈАВИ МОНТАЖЕН ПАРКИНГ ПО ПРОТЕСТОТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТРОТОАРИТЕ ВО ДЕБАР МААЛООд граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ бараат неселективно почитување на законите, нов режим кој ќе го намали сообраќајниот метеж, како и изработка на стручни студии за загадувањето, сообраќајните решенија, густината на населеност и инфраструктурата, а во меѓувреме да не се издаваат дозволи за нови градби. - Од вчерашниот протест кај Министерството за култура (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар најави дека ќе го решава проблемот со блокираните тротоари во Дебар Маало со изградба на монтажен паркинг и поставување на заштитни столбчиња на улиците. По вчерашниот протест на граѓанското здружение „Во одбрана на Дебар Маало“ на кој граѓаните побараа да се применат постоечките закони и да се заштитат пешаците, од Општина Центар излегоа со соопштение во кое се наведува дека барањата на граѓаните се целосно оправдани.

    „Општина Центар го поздравува конструктивниот протест кој вчера го одржаа граѓаните и каде побараа ослободување на тротоарите од возила во Дебар Маало. Како прв приоритет е обезбедување на простор за паркинг на повеќе возила во Дебар Маало, за што веќе е најдено решение. Наскоро ќе биде поставен монтажен паркинг помеѓу Општината и Министерството за одбрана, со влез и излез од улицата Орце Николов. Паркингот ќе обезбеди место за 270 до 290 возила. Ваквото решение е првиот чекор кон пренасочување на паркирањето и ослободување на тротоарите“, велат од Општина Центар.

    Во иднина, Општината ќе работи и на поставување на заштитни столпчиња на сите улици, а ќе се изработи и студија за мерење на сообраќајот и проекција за потребниот паркинг простор за резидентите. Општината ќе иницира формирање на координативно тело со претставници од Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и ПОЦ.

    „Општина Центар веќе презема некои мерки за смирување на сообраќајот во Дебар Маало, како што е Зона 30. За жал, поради лоша соработка со претходната власт и недоволна контрола од страна на тогашното МВР, ограничувањето не се почитуваше во целост“, велат од Центар.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира