51 КАМЕРА ЌЕ ГО ЛОВИ СЕКОЈ ДЕТАЛ ОД ФИНАЛЕТО НА „СТАД ДЕ ФРАНС”

    51 КАМЕРА ЌЕ ГО ЛОВИ СЕКОЈ ДЕТАЛ ОД ФИНАЛЕТО НА „СТАД ДЕ ФРАНС”

    Вкупно 2.000 луѓе беа ангажирани во создавањето на повеќе од 3.500 часа телевизиски содржини за публиката ширум светот за време на Европското првенство во фудбал, а кулминацијата на сето тоа ќе биде вечерва на финалето на „Стад де Франс“ во Париз.

    Натпреварот помеѓу домаќинот Франција и Португалија ќе го снимаат 51 камера и тоа: две камери на хеликоптери што ќе кружат над стадионот, две камери на мотори, „пајак-камера“ закачена на жици над теренот, камери на шини зад двата гола, осум „супер слоу моушн“ камери што ги ловат деталите за повторените снимки од клучните моменти.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари