„АДИДАС” ОЧЕКУВА РЕКОРДНА ПРОДАЖБА ОД 2,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОРАДИ ЕВРОПСКОТО

    „АДИДАС” ОЧЕКУВА РЕКОРДНА ПРОДАЖБА ОД 2,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОРАДИ ЕВРОПСКОТО

    „Адидас“ очекува продажбата на фудбалски копачки, дресови и топки да порасне за 14 отсто на рекордни 2,5 милијарди евра во 2016 година, благодарение на Европското првенство во Франција, со што ќе си ја врати лидерската позиција на пазарот од „Најки“.

    Германскиот производител на спортска опрема долго време беше фудбалски бренд број еден, но во 2014 година водството го презеде американскиот гигант, што го натера „Адидас“ да лансира нови производи и да ги зголеми инвестициите во маркетинг. Извршниот директор на „Адидас“, Херберт Хајнер за „Ројтерс“ изјави дека неговата компанија го престигнала „Најки“ со 36 отсто од пазарот на фудбалска опрема во најголемите пет земји во Европа.

    „Адидас“ очекува да продаде 1,3 милиони дресови од германската репрезентација годинава, што е за 300.000 повеќе од 2012 година, кога се одржа претходното Европското првенство, но е далеку помалку од трите милиони дресови продадени во 2014 година, кога Германија стана светски шампион.

    „Адидас“ снабдува со опрема девет репрезентации на Европското првенство во Франција, додека „Најки“ има шест тима, вклучувајќи го домаќинот Франција. Помалиот германски бренд „Пума“ има пет.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари