МЛАД РУСИН СЕ САМОУБИ ОТКАКО ЈА ЗАГУБИ ЦЕЛАТА ЗАШТЕДА НА ОБЛОГ ДЕКА ФРАНЦИЈА ЌЕ ПОБЕДИ ВО ФИНАЛЕТО

    МЛАД РУСИН СЕ САМОУБИ ОТКАКО ЈА ЗАГУБИ ЦЕЛАТА ЗАШТЕДА НА ОБЛОГ ДЕКА ФРАНЦИЈА ЌЕ ПОБЕДИ ВО ФИНАЛЕТО

    Русинот Фидел Никитин (27) се самоуби откако ја загуби целата заштеда на облог дека Франција ќе победи во финалето на Европското првенство во фудбал.

    Тој се надеваше дека со облогот од 2.300 фунти ќе може да ги врати долговите, но Португалија го победи домаќинот во финалето во Париз во неделата.

    Никитин, кој е од Ижевск и работеше како продавач на мобилни телефони, остави порака на неговиот профил на  социјална мрежа по поразот на Франција од 1:0: „Ви благодарам и простете ми”.

    Според полицискиот извештај, тој застанал на пругата на линијата Луџја-Ижевск и не се ни помрднал, кога машиновозачот го предупредил со сирената. Машиновозачот кажа дека немал време да го запре возот.

    Роднините на Никитин открија дека тој имал земено неколку кредити, но не можел да ги отплаќа ратите, па се надевал дека со добивката од облогот ќе успее да ги расчисти долговите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари