НАЈПОПУЛАРНИОТ ФУДБАЛЕР ВО ФРАНЦИЈА НЕМА ОДИГРАНО НИТУ МИНУТА

    НАЈПОПУЛАРНИОТ ФУДБАЛЕР ВО ФРАНЦИЈА НЕМА ОДИГРАНО НИТУ МИНУТА

    Вил Григ, фудбалерот на Северна Ирска, се стекна со култен статус на Европското првенство Франција поради хит песната во негова чест, но се уште нема одиграно ниту една минута на турнирот.

    Песната „Вил Григ растура” (Will Grigg’s on Fire) е убедливо најпопуларна на трибините во Франција, дури и помеѓу противничките навивачи, а стигна и до музичките топ листи во Британија.

    Откако остана на клупата за резерви на првите два меча на Северна Ирска, навивачите се надеваа дека селекторот Мајкл О’Нил ќе му даде шанса на вчерашниот натпревар против Германија. Дури и германските навивачи на стадионот во Париз бараа Григ да влезе во игра, но тоа не се случи. И покрај поразот од Германија со 1:0, Северна Ирска се пласираше во осминафиналето, па Григ ќе има уште една шанса да се појави на теренот.

    Песната за Вил Григ е дело на еден навивач на Виган, клубот за кој настапува репрезентативецот на Северна Ирска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари