ПЕТИЦИЈАТА ДА СЕ РАСПУШТИ РУСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СТИГНА ДО МИЛИОН ПОТПИСИ

    ПЕТИЦИЈАТА ДА СЕ РАСПУШТИ РУСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СТИГНА ДО МИЛИОН ПОТПИСИ

    Еден милион Руси веќе ја потпишаа петицијата за распуштање на нивната фудбалска репрезентација, откако беше елиминирана уште во првата фаза на Европското првенство во Франција со само еден освен бод.

    „Распуштање на руската фудбалска репрезентација. Сакаме да бидеме горди, не засрамени”, гласи петицијата, која, меѓу другите, е упатена и до рускиот претседател Владимир Путин.

    Русија беше оценета како една од најлошите репрезентации на Европското првенство, а селекторот Леонид Слуцки си поднесе оставка по шампионатот во Франција.

    Потписниците на петицијата бараат намалување на буџетите на клубовите и укинување на рестрикцијата на бројот на странци, кои настапуваат во руската лига, како единствен начин да се зголеми конкуренцијата.

    Успехот на иницијативата го заинтересира и рускиот министер за спорт Витали Мутко, кој истовремено е и претседател на Руската фудбалска федерација.

    „Секако, подготвен сум да се сретнам со авторите на петицијата. Луѓето се незадоволни од квалитетот на играта и од недостатокот на волја. Но, ние мораме да изградиме тим и странците нема да ни помогнат”, вели Мутко.

    Тој се надева дека новиот селектор ќе ги земе предвид мислењата на навивачите и ќе формира сосема нов тим.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари