ПОГБА ИМА ЗАМОРЧЕ НА КОЕ ГИ ПРОБУВА ЕКСТРАВАГАНТНИТЕ ФРИЗУРИ

    ПОГБА ИМА ЗАМОРЧЕ НА КОЕ ГИ ПРОБУВА ЕКСТРАВАГАНТНИТЕ ФРИЗУРИ

    Амине, соседот на Пол Погба, има интересна професија – на него ги пробуваат екстравагантните фризури, коишто подоцна ги носи француската фудбалска ѕвезда на натпреварите од Европското првенство.

    Погба не остава ништо на случајот, посебно не кога се работи за фризурата. Фудбалерот на Јувентус внимава до милимиметар кога е во прашање косата, не само на натпреварите, туку и на тренинзите. И за да не дојде до грешка, Погба има заморче, на кое неговиот фризер ги пробува фризурите пред да го шиша францускиот фудбалер.

    Францускиот магазин „СоуФут” направи интервју со Амине, сосед на Погба, кој секогаш му стои на располагање на фудбалерот во студиото на неговиот официјален фризер Мајкл.

    „Пол прави фризури, коишто не секој би се осудил да ги носи. И јас сум таков, па секогаш сум подготвен да експериментирам”, вели Амине.

    Пол Погба вечерва со Франција ќе игра против Германија во полуфиналето на Европското првенство на домашен терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари