ПОРТУГАЛИЈА ГО ПОКАНИ РАСТРЕВОЖЕНИОТ ФРАНЦУСКИ НАВИВАЧ ДА ЈА ПОСЕТИ ПО ЕМОТИВНОТО ВИДЕО

    806
    Видеото со двајцата навивачи во фан зоната во Париз стана хит на социјалните мрежи

    Португалското туристичко биро почна потрага по францускиот навивач, кој беше тешен од млад португалски навивач по поразот од неговата фудбалска репрезентација во финалето на Европското првенство во Франција.
    Португалските функционери сакаат да го поканат растревожениот Французин во Португалија за да ја запознае земјата на новиот европски шампион и да искуси автентично добедојде. По финалето во Париз во неделата, во кое Португалија славеше со 1:0 над домаќинот, на социјалните мрежи се рашири видео од млад португалски навивач како го теши расплаканиот француски навивач во фан зоната во француската престолнина. Милиони луѓе ширум светот го видоа видеото и беа трогнати од нивната искрена прегратка.
    Младиот португалски навивач, всушност, е роден и живее во Франција и не знае ниту збор на португалски, но неговата мајка е Португалка, па избра да навива за тимот на Кристијано Роналдо, затоа што бил аутсајдер.