РОНАЛДО НЕМА ДА ГО СЛЕДИ ПРИМЕРОТ НА МЕСИ АКО ПОРТУГАЛИЈА ЗАГУБИ ВО ФИНАЛЕТО

    РОНАЛДО НЕМА ДА ГО СЛЕДИ ПРИМЕРОТ НА МЕСИ АКО ПОРТУГАЛИЈА ЗАГУБИ ВО ФИНАЛЕТО

    Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Фернандо Сантос со насмевка ги одби гласините дека денешното финале на Европското првенство против домаќинот Франција би можело да биде последниот натпревар на Кристијано Роналдо за националниот тим.

    Долгогодишниот ривал на Роналдо, Лионел Меси, соопшти дека се повлекува од репрезентативниот фудбал,  откако Аргентина изгуби на пенали од Чиле во финалето на Копа Америка минатиот месец.

    Триесет и едногодишниот Роналдо нема освоено ниту едно од големите фудбалски натпреварувања и играше за поразениот тим, кога Португалија изгуби од Грција на Европското првенство во 2004 година, но Сантос смета дека тој нема да го следи примерот на Меси.

    „Ќе игра уште шест, седум, десет години“, рече Сантос со насмевка на лицето.

    „Не би знаел, ама ова нема да биде неговиот последен натпревар.“

    Сантос (61) кратко работеше со 18-годишниот Роналдо во Спортинг Лисабон во 2003 година, но крилото замина да игра за Манчестер Јунајтед само два месеци откако Сантос дојде на местото на Лазло Болони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари