РОНАЛДО СЕ ПОЧЕСТИ СО НАЈБРЗИОТ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ ЗА ПОБЕДАТА НА ЕВРОПСКОТО

    РОНАЛДО СЕ ПОЧЕСТИ СО НАЈБРЗИОТ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ ЗА ПОБЕДАТА НА ЕВРОПСКОТО

    Кристијано Роналдо додаде уште еден примерок на неговата збирка автомобили по победата на Португалија на Европското првенство во Франција.
    Капитенот на португалската фудбалска репрезентација уште е на седмо небо една недела откако неговиот национален тим победи на Европското првенство во Франција за прв пат во историјата на земјата.
    Иако ѕвездата на Реал Мадрид не ги одигра сите 90 минути од натпреварот поради повреда откако се судри со Димитри Паје од Франција во првото полувреме, сепак одигра клучна улога од другата страна на аут линијата заедно со тренерот Фернандо Сантос.
    Триесет и едногодишниот фудбалер во моментов е на одмор со мајка му на Ибица.
    Тој објави фотографија на Инстаграм со луксузниот автомобил „бугати вејрон“ што чини околу 1,7 милиони фунти, со текст: „Ѕверот пристигна“.

    The animal arrive👍🔝

    A photo posted by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on


    Овој спортски автомобил може да достигне брзина од 410 километри на час, што го прави најбрзиот автомобил направен досега што може да се вози во сообраќај.
    Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед уште ја лекува повредата и ги чека лекарските мислења за неговата здравствена состојба. Има сомневања колку ќе биде способен да игра во Суперкупот на УЕФА против Севилја , шампионот на Лига Европа, на 9 август, имајќи ја предвид повредата, но клубот уште нема излезено со официјална изјава по ова прашање.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари