СЀ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ НАЈДОБРИТЕ, ПОРТУГАЛСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ СЕ ВРАТИЈА ДОМА ВО ПРИДРУЖБА НА БОРБЕНИ АВИОНИ

    СЀ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ НАЈДОБРИТЕ, ПОРТУГАЛСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ СЕ ВРАТИЈА ДОМА ВО ПРИДРУЖБА НА БОРБЕНИ АВИОНИ

    Португалскиот фудбалер Жоао Мутињо сними како авионот Боинг 737 со кој неговата репрезентација се враќаше од Европското првенство во Франција е придружуван од два борбени авиони Ф-16.
    „Кога го гледам ова, уште повеќе ме преплавуваат чувства. Ќе направат сѐ за да ги заштитат најдобрите во Европа“, се слуша гласот на еден од играчите во видеото.
    Портпаролот на Португалското воено воздухопловство кажа дека потегот не бил планиран, туку се случил спонтано, откако двата борбени авиони првично полетале од базата „Монтер Реал Ер“ на тренинг мисија.
    Португалските фудбалери во неделата станаа европски шампиони за првпат во својата историја, откако ја совладаа домаќинот Франција со 1:0 во финалето на „Стад де Франс“ во Париз.

    A nossa escolta ✈️🇵🇹

    A video posted by joaomoutinho8 (@joaomoutinho8) on

    Коментари