СРНА ЌЕ ЈА ИСПОЧИТУВА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ПОЧИНАТИОТ ТАТКО

    СРНА ЌЕ ЈА ИСПОЧИТУВА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ПОЧИНАТИОТ ТАТКО

    Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Даријо Срна ќе ја испочитува последната желба на неговиот починат татко и ќе настапи утре против Чешка на Европското првенство во Франција.
    Срна дозна дека татко му Узеир починал веднаш по натпреварот против Турција во неделата и потоа се врати во Хрватска за да присуствува на погребот. Ренато Срна, постариот бран на хрватскиот капитен, за „Слободна Далмација“ откри дека последна желба на татко им било Даријо да го одигра првенството до крај без разлика што ќе се случи со него. Денеска, селекторот на Хрватска Анте Чачиќ соопшти дека Срна ќе биде во тимот за дуелот со Чешка. Потврда дојде и од самиот фудбалер.
    „Ова е многу тежок момент за мене и мојата фамилија. Сепак, подготвен сум за натпреварот. Кога се вратив во мојата куќа во Метковиќ, ми кажаа дека последната желба на татко ми била да продолжам да играм на Европското првенство. Сите ќе бидат среќни кога ќе ме видат на теренот како играм за Хрватска“, изјави Срна на денешната прес-конференција во Франција.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари