ВЕЛШАНЕЦОТ ЛЕДЛИ ЌЕ ГО ПРОПУШТИ ДОЧЕКОТ ВО КАРДИФ, ЗАМИНА ЗА ИБИЦА ДА СЕ ОЖЕНИ

    ВЕЛШАНЕЦОТ ЛЕДЛИ ЌЕ ГО ПРОПУШТИ ДОЧЕКОТ ВО КАРДИФ, ЗАМИНА ЗА ИБИЦА ДА СЕ ОЖЕНИ

    Велшкиот фудбалер Џои Ледли ќе го пропушти дочекот на неговата репрезентација во Кардиф, откако замина за Ибица да се ожени.
    Ледли најави дека ќе ја откаже свадбата поради пласманот на Велс во полуфиналето на Европското првенство во Франција, но веднаш по поразот од Португалија со 2:0 во средата, сепак реши да отиде на медитеранскиот остров и да се венча со партнерката Руби Меј.
    Поради тоа, велшкиот фудбалер ќе ја пропушти денешната голема забава во Кардиф, на која се очекуваат илјадници навивачи да ги пречекаат хероите од Европското првенство во Франција.
    „Момците се враќаат во Велс за да се видат со навивачите, но јас морам да присуствувам на свадба. Не чувствувам потреба да се вратам дома за да видам што им значи нашиот успех на навивачите. Длабоко во себе знам колку ми значи нивната поддршка. Сега морам да размислувам за свадбата и тргнувам за Ибица“, откри Ледли.
    Сепак, неговото отсуство ќе разочара многу навивали на Велс, бидејќи стана миленик на публиката, не само поради настапите на теренот, туку и поради танцувачките потези со кои ги прославуваше победите во Франција и коишто станаа популарни на социјалните мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари