20.629 ГЛАСАЧИ ОД ДИЈАСПОРАТА ЌЕ ГЛАСААТ ВО 41 ДИПЛОМАТСКО ПРЕСТАВНИШТВО

311
Поради големиот број на пријавени гласачи во Берн (4.256) и Венеција (2.724), ДИК одлучи во Берн да бидат отворени дополнителни три, а во Венеција дополнителни две избирачки места (Фото: СДК.МК)

Во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември ќе гласаат 20.629 граѓани од пријавените 21.029, објави денес Државната изборна комисија (ДИК). Поради големиот број на пријавени гласачи во Берн (4.256) и Венеција (2.724), ДИК одлучи во Берн да бидат отворени дополнителни три, а во Венеција дополнителни две избирачки места.

Покрај Берн и Венеција, најмногу пријавени гласачи има во Детроит (1.170), Њујорк (1.168), Мелбурн (1.112) и Рим (1.078).

Бидејќи во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин, Тел Авив и Солун се пријавиле по помалку од 10 граѓани, таму гласањето нема да се спроведе.

Ќе се гласа во 41 дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија и тоа: Берн, Венеција, Детроит, Њујорк, Мелбурн, Рим, Љубљана, Виена, Торонто, Канбера, Чикаго, Берлин, Бон, Минхен, Париз, Белград, Копенхаген, Брисел, Лондон, Хаг, Стокхолм, Истанбул, Подгорица, Прага, Загреб, Осло, Тирана, Вашингтон, Анкара, Абу Даби, Отава, Приштина, Софија, Будимпешта, Сараево, Доха, Букурешт, Москва, Варшава, Пекинг и Мадрид.