АБОЛИЦИЈАТА ЈА УНИШТУВА МАЛАТА БИЛКА НА ДОВЕРБА ШТО БЕШЕ ПОСАДЕНА СО ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО

    Загрижени сме за тоа каква е политичката ситуација во државата.Најважно е дека сите партии со кои разговаравме разбираат дека целосно треба да се спроведе Договорот од Пржино. Апелираме аболицијата што ја донесе вашиот Претседател да се повлече што е можно побргу. Ги повикуваме партиите да ја почитуваат работата на ДИК, да  помогнат на Комисијата да го изразат своето мислење на 20 мај кога се заклучува Избирачкиот список. Бидејќи квалитетно изработен Избирачки список беше од есенцијално и од големо значење за одржување фер избори, рече австрискиот пратеник Стефан Шенах, на прес-конференција во Скопје.

    “Оваа аболиција ја уништува малата билка на доверба која што беше посадена со договорот од Пржино кој беше постигнат со посредување на Европската унија”, потенцираше пратеникот Шенах.

    Делегацијата за време на посетата забележала дека предизборната кампања е одбележана со долготрајните спорни прашања, како што се точноста на Избирачкиот список и реформата во медиумите

    Стефан Шенах ја предводи делегациајта на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која на 26 и 27 беше во Скопје за да направи проценка  за предизборната атмосфера на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни. Делегацијата се сретна со собранискиот  спикер Трајко Вељаноски, министерот за внатрешни работи, ДИК, со лидерите на политичките партии потписничи на договорот од Пржино, Јавниот обвинител, дипломатскиот кор, и со невладини организации.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари