АМБАСАДА НА САД: ДА СЕ СВИКА СОБРАНИЕТО И ДА СЕ СЕ ОТКАЖАТ ИЗБОРИТЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    АМБАСАДА НА САД: ДА СЕ СВИКА СОБРАНИЕТО И ДА СЕ СЕ ОТКАЖАТ ИЗБОРИТЕ

    Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за изборите за 5 јуни ја потенцира и засилува загриженоста дека условите не се погодни за спроведување на кредибилни избори, велат од амбасадата на САД, на прашањето од „Мета“ за чекорот на владејачката партија сепак да поднесе кандидатски листи на пратеници до Државната изборна комисија (ДИК).

    – Останува уште недовршена работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список. Помилувањата на претседателот од 12 април само придонесоа кон зголемување на чувството на неказнивост, особено што се однесува за можни изборни злоупотреби. Доколку има избори на 5 јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата – велат од амбасадата на САД.

    Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

    – Во партнерство со ЕУ, посветени сме да помогнеме во решавањето на состојбата, меѓутоа решението бара јасна демонстрација на политичка волја – велат од амбасадата на САД во Македонија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари