ДИК УТВРДУВА ПОД КОЈ РЕДЕН БРОЈ ЌЕ СТОИ ВМРО-ДПМНЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК УТВРДУВА ПОД КОЈ РЕДЕН БРОЈ ЌЕ СТОИ ВМРО-ДПМНЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ

    Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе го утврди редоследот на листи на кандидати во гласачко ливче за предвремени парламентарни избори на 5 јуни.

    Со оглед на тоа што лидерот на Социјал-демократската партија Бранко Јаневски, ги повлекол кандидатските листи, а Јанко Бачев од Националното движење за Македонија не ги отстранил забелешките во предвидениот рок, многу е извесно под кој реден број  ќе стојат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ на гласачките ливчиња.
    Откако ќе се одреди редниот број на кандидатите на ливчето, членовите на ДИК ќе организираат ждрепка за распределба на локации за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди. На ждрепката ќе учествува само ВМРО-ДПМНЕ.

    Никола Груевски во интервју за агенцијата „Франс прес“ изјави дека без оглед на на најавениот бојкот од сите партии во државата, избори на 5 јуни ќе има.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за новинската агенција „Франс прес“ потврдил дека неговата партија е единствена од четирите големи партии која ќе учествува на изборите. Тој рекол: „Мојата партија ќе биде подготвена веднаш по формирањето на новото Собрание да се организираат дополнителни избори и да им се даде шанса на граѓаните да изберат. Сакаме заслужена победа“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари