ДИК СО ЗАБРАНА ДА ГИ ОБЈАВУВА СИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ДИК СО ЗАБРАНА ДА ГИ ОБЈАВУВА СИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

    Дирекцијата за заштита на личните податоци по службена должност извршилa вонреден инспекциски надзор во Државната изборна комисија (ДИК) по однос на објавувањето на личните податоци од Избирачкиот список на нејзината веб-страница и издала две привремени решенија.

    Од ДЗЛП велат дека со едното од решенијата се забранува ДИК да обезбедува електронски пристап до личните податоци во Избирачкиот список објавен на веб-страната, на начин кој не е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

    ДИК е задолжена да преземе мерки при пребарување во избирачкиот список објавен на веб-страницата:

    • преку одредена општина да не се прикажуваат личните податоци на сите избирачи во таа општина;
    • преку одредена адреса да не се прикажуваат личните податоци на сите избирачи на таа адреса;
    • преку одредено име и презиме да не се прикажуваат личните податоци на сите лица кои го имаат тоа име и презиме.

    Во другото привремено решение ѝ се забранува на Државната изборна комисија да објавува на својата веб-страна лични податоци на физички лица (име и презиме, пол, адреса, место и општина, датум на раѓање, податок за иселени лица и број на гласачко место) содржани во Списокот на неконзистентни записи-предмет на теренски проверки, бидејќи според ДЗЛП, ДИК нема правен основ да врши обработка преку објавување на лични податоци на физички лица, кои ќе бидат утврдени како неконзистентни записи и ќе бидат предмет на теренски проверки.

    „Имено, објавувањето и овозможувањето на електронски пристап на Списокот на неконзистентни записи-предмет на теренски проверки кој содржи 89.384 записи со лични податоци на физички лица каде што пристап и можност за преземање имаат неодреден број лица, не е правично и не е во согласност со Изборниот законик и Законот за заштита на личните податоци. Привремените решенија се издадени со цел да се спречи понатамошна повреда на правата на субјектите на лични податоци и нанесување на евентуални штетни последици до донесувањето на решенијата“, велат од ДЗЛП.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари