ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ГО ПОТВРДИ ПИСМОТО ДО ПАРТИИТЕ

    ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ГО ПОТВРДИ ПИСМОТО ДО ПАРТИИТЕ

    Попладнево и амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Ваутер Пломп испрати изјава со која го потврди писмото што министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс го испратил до лидерите на партиите потписници на договорот од Пржино.

    Тој ја искажа загрижноста на ЕУ и на Холандија како  тековен претседавач во врска со политичката состојба во Македонија.

    „Во писмото тој уште еднаш ја потенцира важноста од целосно и безусловно спроведување на договорот за евро-атланската иднина на Македонија, и побара од сите партии во име на нивните граѓани да најдат излез од кризата. Истовремено, тој ја изрази својата загриженост во врска со одлуката на претседателот да ги помилува оние
    кои се осудени или се под истрага, одлука која мора веднаш да биде отповикана“, стои во писмената изјава од холандскиот амбасадор во Скопје.

    Во писмото на холандскиот министер Берт Кундерс, кое медиумите го добија од политичките партии стои дека „политичките лидери се одговорни за справувањето со сегашната криза и се споменуваат два елемента кои мора веднаш да бидат адресирани.
    „Прво, минималните услови за веродостојни избори, кои во јануари-февруари ги утврдија ЕУ и САД, не се исполнети: 1. прочистување на избирачкиот список; 2. реформи во медиумите кои ќе обезбедат балансираност; 3. одвојување на партијата од државата и ставање крај на заплашувањето на гласачите. Слободните, фер и инклузивни избори се круцијални за Договорот од Пржино и се неопходни за демократската иднина на земјата. Овие критериуми мора да се исполнат, без понатамошно одложување.
    Второ, мора веднаш да се повлече одлуката на претседателот за аболиција за да му се овозможи на Специјалното јавно обвинителство без пречки да си ја врши работата“, стои во писмото на Кундерс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари