ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК УШТЕ НЕ Е ТОЧЕН, МОРА УШТЕ ДА СЕ ЧИСТИ, ВЕЛИ КОМПАНИЈА ОД САД

a:1:{s:9:"td_source";s:50:"Вашингтон,(ГласнаАмерика)

    ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК УШТЕ НЕ Е ТОЧЕН, МОРА УШТЕ ДА СЕ ЧИСТИ, ВЕЛИ КОМПАНИЈА ОД САД

    Избирачкиот список во Македонија сѐ уште не е чист и тоа во голема мера ќе се одрази врз изборите во декември, вели Керолин Карлсон, сопственичка на компанијата „Дата-клиар” во Вашингтон, која работи на обновување на податоците на гласачите во многу држави во светот, во разговор за македонската редакција на „Глас на Америка“. Таа вели дека побарала пристап до Избирачкиот список на Македонија пред една недела, но, тој бил недостапен.

    „Се слушнав со мојот контакт таму изминатата недела, и тој ми рече дека е исклучително тешко да ми помогне да го добијам, и ме упати на Интернет страницата на Државната изборна комисија. Но и таму не го најдов. Не беше достапен. Исто така ми рече дека е потребна работа на Избирачкиот список во Македонија, дека треба да се обнови, бидејќи не е точен и не ги содржи најновите податоци“, изјави Карлсон за „Глас на Америка“.

    Карлсон вели дека за да може да се користи Избирачки список тој прво мора да се исчисти, со цел да се осигура дека информациите во него се добиени од вистинските гласачи. Исто така, пристапот до Избирачкиот список мора да биде регулиран, за да се заштити злоупотреба на приватноста. Таа вели дека е суштинско влијанието и на само еден сомнителен гласач врз изборниот процес.

    „ Ако Избирачкиот список содржи неверодостојни информации, изборите ќе се сметаат за нелегитимни. Еден кандидат може да добие огромна предност во однос на другиот, така што многу е важно кандидатите да имаат еднаков пристап до точни информации за лицата, кои ќе имаат можност да учествуваат во демократските процеси и да гласаат. Во спротивно, последиците се огромни“, вели Карлсон за „Глас на Америка“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира