МИСИЈАТА НА ОБСЕ/ОДИХР ПРОДОЛЖУВА ОТИ ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ ОДЛОЖЕНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:60:"Скопје,Варшава(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИСИЈАТА НА ОБСЕ/ОДИХР ПРОДОЛЖУВА ОТИ ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ ОДЛОЖЕНИ

    Набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) во Македонија продолжува со проценка на настаните и состојбите во државата.

    „ОДИХР беше поканета од властите да ги набљудува парламентарните избори закажани за 5 јуни, и бидејќи тие избори сѐ уште се во план, мисијата продолжува да ги набљудува и проценува настаните и состојбата, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Томас Ример, порпарол на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), со седиште во Варшава, Полска. Тој потсетува дека мисијата во петокот го објави и вториот времен извештај од нејзините набљудувања.

    „Нашата проценка на изборниот процес ќе биде заснована на опсежно набљудување, така што сите фактори кои би можеле да влијаат до степен до кој изборниот процес ги исполнува обврските на ОБСЕ и другите меѓунардни стандарди за демократски избори, ќе бидат покриени и земени предвид во проценката на мисијата“, изјави портпаролот на ОДИХР Томас Ример.

    Државната изборна комисија (ДИК) вчера без жрепка утврди дека ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче ќе биде под редниот број еден затоа што н листата нема други партии.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека по одржување на изборите и по формирањето на новото Собрание во кое сите пратеници ќе бидат од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе можат да организираат нови избори.

    Меѓународната заедница предупреди дека таквиот собраниски состав нема да биде признаен.

    Денеска „Дојче веле“ пренесе изјава портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич дека „не се исполнети ниту минимум услови за веродостојни избори на 5 јуни, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница, како и владата што би произлегла од нив“.

    Во петокот и Соединетите Американски Држави, преку соопштение од амбасадата во Скопје ги повикаа партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари